Сообраќајка помеѓу трактор и „Ауди“- маж од гостиварско тешко повреден

Вчера во 18.00 часот на регионалниот пат во село Неготино, гостиварско, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор и автомобил.

Според пријавеното сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(19) и трактор „имт 533“, управуван од Н.Ј.(40), и двајцата од с.Неготино, гостиварско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Ј., кој бил пренесен во Медицински центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа