Сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово: Маж итно однесен во болница

 

Вчера во 08:50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово пред наплатната рампа Тетово, се случила сообраќајна незгода.

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 35-годишниот В.Р. од Тетово и патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистерски таблици, управувано од 34-годишниот А.С. од Скопје. Во негодата со тешки телесни повреди се здобил В.Р., кој со друго возило бил пренесен во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2018 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега