Сообраќајка меѓу „Мерцедес“ и мотоцикл, повредени две лица

Во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Емил Зола“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(38) од Кичево и мотоцикл, со скопски регистарски ознаки.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил Ј.Д.(21) од Скопје, кој се превезувал на мотоциклот, а на возачот на автомобилот М.К. му биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

12.05.2022 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега