Сообраќајка кај Желино, две лица се повредени

На регионалниот пат Скопје-Тетово во с.Желино на 14.05.2022 во 11:10 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „поло“, управувано од Б.Д.(24) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Н.Ј.(30) од с.Ларце, и двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата Н.Ј.(56) од с.Ларце, сопатничка во возилото „голф“ се здобила со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово, соопштија од полицијата.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа  од СВР Тетово.

15.05.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега