Вчера околу 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на магистралниот пат Скопје- Граничeн премин Блаце, во близина на граничниот премин, патничко возило „бид“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(41) од Р.Косово удрило во паркирано патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Г.С.(23) од Куманово, кој бил во возилото.

Во несреќата со телесни повреди се здобил Г.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Exit mobile version