Сообраќајка кај граничниот премин Блаце: Се судрија полициско возило и автомобил- две лица повредени

 

Во близина на Граничен премин Блаце се судриле две возила, од кои едното сопственост на МВР, пти што и двајцата возачи биле пренесени во болница.

-Вчера во 08.30 часот на регионалниот пат Скопје - Граничен премин Блаце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, а управувано од М.Ќ.(39) од с.Нераште, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(55) од Скопје - велат од МВР.

По незгодата, двајцата возачи биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им биле констатирани телесни повреди. Увид бил извршен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа