Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено засилен, со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од -5 до 1 степен, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до -2 степени, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Според најавите на УХМР, следува период на стабилно, но студено време, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Во првите денови од наредната седмица, минималните температури на одредени места ќе се спуштат и до -10 степени. За време на викендот ќе дува засилен до силен северен ветер, локално со брзина над 60 километри на час.

Exit mobile version