Сончево и многу топло утре, а викендов пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе се задржи сончево и многу топло со краткотрајна нестабилност кон крајот на денот во југозападните делови. Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, а дневните од 21 до 31 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. 

Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град, информираат од УХМР. 

12.05.2022 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега