Софија: Разговорите со Газпром се неизбежни

Бугарија ќе мора да преговара со Газпром за да се обноват испораките на гас кои беа прекинати во април, изјави привремениот бугарски министер за енергетика Росен Христов, откако владата вети дека ќе обезбеди соодветни резерви за зимата.

„Имајќи ги предвид барањата на стопанството и синдикатите, во реалноста се неизбежни разговори со Газпром за обнова на снабдувањето“, кажа Христов, а пренесува Ројтерс.

Христов најави и дека Софија неделава ќе има разговори со Азербејџан за зголемување на испораките на гас од таа земја, како и дека ќе разговара за испораки и со турски трговци со гас.

 
22.08.2022 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа