Софија Лорен и Џенифер Лопез се колнат во неа: Состојка која сите ја имаме во кујната, а се верува дека го забавува стареењето

Медитеранската билка ја подмладува и негува кожата, ја зајакнува нејзината природна бариера, ѝ овозможува еластичност и блескав изглед и спречува појава на брчки.

„Постои извор на младоста, а е сочинет од вашиот ум, талент и креативност која ја внесувате во својот живот и во животите на луѓето кои ги сакате. Кога ќе научите да пиете вода од тој извор, бидете сигурни дека ќе го победите стареењето“, изјавила легендарната Софија Лорен, која оваа година полни 87 години, а никогаш не се подложила на пластична операција или ботокс.

Но, она што ѝ помогнало да изгледа да изгледа младешки, покрај талентот и креативноста, е маслиновото масло.

„Јас сум голем обожавател на органското, ладно цедено маслиново масло. Секојдневно го користам во исхраната, но и за нега на кожа, поточно како хидратантна дневна крема наместо ноќна или млеко за тело. Тоа е богато со антиоксиданси, особено со витамин Е, кој го забавува процесот на настанување на брчки. Маслиновото масло е тајната на мојата убавина“, изјавила Италијанката која отсекогаш била сметана за една од најубавите жени на светот.

Во состојката која сите ја имаме дома се колне и Џенифер Лопез, која е веќе во 5-та деценија, а кожата ѝ изглeда сè поблескаво и поеластично. И таа тврди дека никогаш не користела ботокс, а за маслиновото масло го вели следното:

„Сум испробала сè, и медицинска козметика и најскапи креми на светот, но секогаш им се враќам на тајните кои ми ги откри мојата мајка коа бев млада. Маслиновото масло е лек за кожата, косата и ноктите. Тоа е магична состојка од природата, и навистина, таа на мојата кожа ѝ го дава тој магичен сјај“, вели Џеј Ло во рекламното видео за својата бјути колекција која, како што можете да претпоставите, содржи производи на база на маслиново масло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа