Собранието усвои три од законите за чие стапување во сила Иванов не ги потпиша указите

 Собранието денеска во рамките на 97. седница усвои три закони во трето читање што беа вратени во Парламентот зашто поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише указите за нивно стапување во сила.

На седницата беа усвоени Законите за Судскиот совет на Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор.

Ова се дел од законите кои беа усвоиени во изминатиот период, но не стапија на сила поради непотпишувањето на указите од страна на Иванов, со образложение дека нема да потише ниту еден закон со новото име на земјата.

Собранието продолжи со работа со точки кои се останати на дневен ред на 94-та седница. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега