Собранието ќе се распушти в недела на пладне

Собранискиот состав ќе се распушти в недела на пладне,  дознава Пресс24.

Собранискиот спикер, Талат Џафери штотуку свика две седници. 136-та седница ќе се одржи утре во 15 часот на која ќе се гласа предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. На 137-та седница, пак, пратениците ќе гласаат да за предлог одлуката за распуштање на Собранието, поднесена од пратеникот Талат Џафери.  

Во меѓувреме, 135-та собраниска седница на чиј дневен ред е предлог Законот за ЈО доцни речиси еден час.

Предлог Законот се носи по скратена постапка откако мнозинството пратеници во понеделникот гласаа дали да се носи по скратена или регуларна постапка.

 

13.02.2020 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега