Собранието ќе ја продолжи 126. седница- повеќе точки на дневен ред

Собранието денеска ќе ја продолжи 126 седницасо повеќе точки на дневен ред, меѓу кои, Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година, Предлог измените на Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и измените на Законот за семејство и на Законот за еднакви можности на жените и мажите, сите по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и повеќе економски закони, меѓу кои, Предлог измените на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, измените на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување и измените на Законот за работните односи, сите по скратена постапка. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега