Собранието со мнозинство гласови ја изгласа потребата од носење на Предлог-законот за Судскиот совет, со што законот се проследува во второ читање.

Министерот за правда, Игор Филков, изјави дека со овој закон Министерството започнува „нова ера на работа и функционирање“ преку отворен, јавен и транспарентен процес на изготвување суштински закони.

Тој ги наведе клучните новини предвидени со Законот, кои се во согласност со препораките на ЕУ:

  • Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет.
  • Воведување јавна расправа при избор на не-судски членови за поголема транспарентност и одговорност.
  • За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
  • Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите.
  • Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите и на членовите на Судскиот совет.
  • Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и одговорност на судиите.
  • Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност и прецизирање на постапката за жалба.

Филков изрази жалење што дел од опозицијата не присуствувала на седницата за носење на овој „исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда“.

Exit mobile version