Соботка: Со блокада на почетокот на пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија се штети на кредибилитетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот Парламент Волфганг Соботка ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан и смета дека секој кој го блокира почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува европскиот курс на Западен Балкан и штети на кредибилитетот на Унијата.

Ова го истакнува во очи состанокот на Интерпарламентарната унија во Белград и најавува дека конференцијата ќе ја искористи за натамошно уверување за потребата од почнување пристапни преговори со Скопје и Тирана.

-Јас сум уверен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан. Кандидатите за членство, Северна Македонија и Албанија во изминатите години направија важен напредок на патот на правно, политичко и економски приближување на ЕУ. Северна Македонија го заврши спорот околу името со Грција, поради тоа, даде важен придонес во помирувањето и преимер е за целиот регион. Понатамошно одложување на почетокот на преговорите би бил потполно погрешен сигнал, порачува во соопштение Соботка.

ЕУ, според него, е нецелосна без државите од Западен Балкан.

-Кој по тоа прашање има поинакво мислење,  не ја зема предвид опасност од дестабилизација во економски и безбедносен поглед непосредно пред својот праг, нагласува Соботка.

Албанија и Северна Македонија, порачува, прават сеопфатни напори во областа на правосудството и демократизација на општеството.

-Сето тоа мора да се има предвид, а тоа значи почеток на претпристапни преговори ако земјите ги исполниле значајните критериуми, потенцира Соботка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега