Со возило без регистрации прегазил пешаци и избегал - две лица повредени во Тетово

Вчера во 17:30 часот на пешачки премин на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово патничко моторно возило „Голф“ без регистарски ознаки удрило во пешаците А.Д.(22) од село Џепчиште, тетовско, и Б.Т.(22) од село Гајре, тетовско, по што го напуштил местото на настанот. 

Притоа, пешаците се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово. 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

 

16.05.2018 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа