Со видео од месец јули Град Скопје се пофали дека утрово прскал против комарци

 

Градот Скопје утрово се пофали дека прска против комарците од кои има инвазија, но она што може да се забележи на објавеното видео е дека тоа е направено на 8 јули.

Во официјалното соопштение под зборовите „ Линк до видеото од утринското прскање против комарци, со авион“, поставено е видео на кое јасно стои дата од минатиот месец кога било објавено на „Јутјуб“, 8 јули.

- Денеска почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. Заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита. Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци денеска се изврши во раните утрински часови, а ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник). Потоа, прскањето ќе продолжи од земја и ќе се одвива во деновите од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.  По ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември, стои во соопштението.

 

 

 

 

 

 

10.08.2018 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа