Со товарно возило прегазен малолетен пешак

 

Малолетен пешак вчера бил прегазен на булеварот „8 септември“.

-Вчера во 13.00 часот било пријавено дека на бул.„8 Септември“, во близина на мостот на река Вардар, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(38) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница „Систина“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега