Со „порше“ излетале од улица во Скопје – двајца повредени

Две лица се повредени од кои едното потешко откако доцна синоќа околу 02:00 часот со „порче кајен“ излетале од улица во Скопје.

-Синоќа во 02.10 часот било пријавено дека во Скопје на ул.Питу Гули“, патничко возило порше кајен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(36) од Скопје излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а сопатникот М.П.(43) од Скопје се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза“, велат од полицијата.

 Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2020 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега