Со полициски кордон одвоени зависниците и жителите - Трет ден протести во Кисела Вода

Трет ден жителите со протест ги спречуваат зависниците да ја  земат својата  терапија во центарот во Кисела Вода, изразувајќи револт за министерот кој од пред година вети, но не исполни дислокација на центарот.

 -„Револтот за тортурите што ги доживуваме од зависниците, се предизвикуваат недолични работи. Остануваат по цел ден голи се боцкаат а нашите деца се принудени да ги гледаат сите тие работи. Само со придружба одат деца на училиште. Нападнати домови, МЗ во најкраток можен рок да го дислоцира центарот. Последното дете кога се боцна не предизвика повторно да почнеме со протести. Тоа беше мојата внука. Ако  не успееме овде продолжуваме понатаму. Министерот не не регистрира не е заинтересиран да го реши овој проблем.  “, Тасија Блажевска жител на Кисела Вода, пренесе Сител.

Градоначалникот заедно со советниците и невладините утрово се приклучија на протестот. Тој не разговарал со министерот за овој проблем но вели тука се да ги поттикнат институциите да гхо откочат процесот за изнаоѓање на решение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега