Со показна вежба одбележан Денот на пожарникарите во Пробиштип

Пробиштипските пожарникари денеска имаа показна вежба во случај на пожар во Општинското основно училиште (ООУ) „Никола Карев“. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека показната вежба е по повод Денот на пожарникарите, кој се одбележува утре. Во рамки на показната вежба имаше  евакуација, спасување на повредени и гасење на пожар, која ја спроведе Територијалната противпожарна единица Пробиштип, во соработка со Црвениот крст и Брзата помош од Здравствен дом „Нада Михајлова”-Пробиштип.

-Благодарност и честитки до сите институции, кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните, денеска учениците имаа можност преку вежба да видат како се постапува и како функционираат службите за време на итни случаеви. Општина Пробиштип преку апликација во Бирото за рамномерен регионален развој, обезбеди средства за набавка на ново противпожарно возило и истото ќе биде ставено во функција деновиве, вели Анастасов.

Посочи дека општинатата е во фаза и на изработка на проект и апликација за нов објект за противпожарната единица, кој ќе биде уреден согласно стандардите за подобра работа и ефикасност на единицата, се со цел за поголема безбедност и сигурност на граѓаните на Општина Пробиштип. 

19.05.2022 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега