Со огнено оружје пукано кон теолошкото училиште во Тетово

 

Тетовската полиција започна истрага со цел да се открие кој стои зад истрелите од огнено оружје при што се оштетени прозорци од објект на теолошко училиште во градот.  Случајот е пријавен утринава, а според пријавителите пукањето и оштетувањето се случило ноќта помеѓу неделата и понеделникот.

Денеска во СВР Тетово пријавено е дека изминатата ноќ (19/20 септември) засега непознат сторител(и) со  истрели од огнено оружје оштетил неколку прозорци од објектот на средното теолошко училиште– Медреса Иса Беу лоциран на улица Пробиштипска“ во Тетово. Оштетени се прозорци на првиот и погорните катови, односно светларници.Увид узвршила екипа на СВР Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

При увидот пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се неколку проектили и чаури

20.09.2021 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега