Со нож нападнал полицаец во двор - уапсен тинејџер во Скопје

 

Скопјанец бил уапсен откако нападнал полициски службеник во дворот од својата куќа со нож, информира МВР. Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тодор Чангов“ 18-годишниот Д.К. од Скопје го нарушувал јвниот ред и мир.

Полициски службеник излегол на местото и го затекнал Д.К., кој избегал кон својот дом на ул. „Гаврил Константиновиќ“. Полицискиот службеник тргнал по него и во дворот од куќата бил физички нападнат од Д.К.. По преземени мерки, Д.К. бил лишен од слобода и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега