Со новото тарифирање оние кои се греат на струја зимава ќе плаќаат 50 евра повеќе секој месец

За околу 50 евра ќе се зголемат сметките за струја на оние кои во зимскиот месец се греат на овој енергенс со новите измени во тарифирањето, пресметува весникот Слободен Печат.
Според нивната пресметка, семејствата кои во зимските месеци имале сметки по 10.700 денари, со воведувањето на новата методологија, сега ќе плаќаат 13.500 денари или 2.800 денари повеќе од претходно.
Повеќе од јасно е дека оние што во зимно време трошеле над 10.000 денари за струја, со новите пресметки може да добијат повисоки сметки во наредните месеци и до 3.500 денари, при тоа во овие пресметки не е вкалкулирано и најавеното поскапување на струјата од 1 јули – пишува Слободен Печат

20.06.2022 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега