Со мотор удрил во велосипедист па побегнал- тетовец тешко повреден

 

Со мотоцикл удрил во велосипедист во Тетово, па побегнал.

Според пријавеното на 09.07.2020 околу 18.40 часот на регионалниот пат Брвеница-Тетово, непознат мотоцикл удрил во велосипед „ортлер“, што го управувал А.А.(64) од Тетово, по што го напуштил местото.

Притоа, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега