Со мотоцикл удрил во бетонска ограда, па во паркирано возило - тешка несреќа во Куманово

 

Момче од Куманово со тешки телесни повреди било донесено во болница откако доживеало сообраќајна несреќа со мотоцикл.

-чера вечерта во околу 00:40 часот на ул. „Пиринска Македонија“ во Куманово се случила сообраќајна незгода во која 23-годишниот Д.Г. од Куманово, управувајќи моторцикл „Априлја“ со дебарски регистарски ознаки изгубил контрола над моторциклот, излетал од коловозот и удрил во железно-бетонска ограда, а потоа удрил во паркирано патничко моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки. По незгодата на Д.Г. му биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош бил  пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид е извршен од страна на екипа од СВР Куманово а за настанот е запознает и јавен обвинител - информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега