Со кредитната линија Ковид 3 обезбедена помош за 2.122 мали и микро компании

Со кредитната линија Ковид 3 досега се одобрени вкупно 2.122 кредитни барања во вкупен износ од 24,3 милиони евра, соопшти владејачкиот СДСМ.

Бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. Според структурата, како што е посочено, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.

Во овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии вработени се вкупно 16.009 вработени.

„Бескаматната кредитна линија Ковид 3 е конкретна помош за малите и микро компании, за трговците поединци, за занаетчиите кои преку овој механизам добиваат поддршка во зајакнување на ликвидноста и зголемување на конкурентноста во време на санирање на последиците од коронакризата“, велат од СДСМ.

Најавуваат дека власта ќе продолжи со вистинска, навремена грижа за домашната економија, за спас на работните места.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2021 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа