„Со кој да ја оставам Цеца“ - Вељко Ражнатовиќ откри дали планира да се отсели од домот на мајка му

Вељко Ражнатовиќ се ожени со Богдана Родиќ во ноември минатата година, а пред тоа дознал дознаа дека ќе станат родители.

Тој сега откри како се чувствува по повод „лудилото“ кое се случуваше околу неговата свадба.

„Сите кога ќе се омажат или оженат велат дека било магично. Јас навистина супер си поминав со своите најблиски, но мислам дека не сум толку емотивен. Сестра ми и мајка ми плачеа, мене ми беше преубаво и тоа е навистина најубавиот ден од мојот живот, но жените тоа го доживуваат поинаку“, рекол Вељко.

Познато е дека за неколку месеци тој и Богдана ќе станат родители. Вељко не крие дека едвај чека да дојде тој ден и открива како неговата сопруга се однесува како трудница.

„На тоа се радувам како мало дете. Отсекогаш сакав првото дете да ми биде машко. Анастасија отсекогаш имаше проблеми во животот. Се шегувам, нормално. Ме плашеа сите кога станува збор за трудници, но мојата жена е прекрасна и вистинска легенда, му благодарам на Бога“, рекол Вељко.

 Тој открил и дали во блиска иднина планира да се отсели од домот на својата мајка Цеца.

„Со кој да ја оставам Цеца? Кога ќе се појави некој доволно маж да може со мајка ми барабар, јас тогаш ќе им дадам приватност ако сакаат, а до тогаш мајка ми ја чувам јас“, рекол синот на пејачката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега