Со ќерката на Коби Брајант во хеликоптерот било уште едно девојче - детали за страшната несреќа

Веста за трагичната смрт на кошаркарот Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана ја потресе цела планета, а во стравичната хеликоптерска несреќа загинале уште 7 лица.

Меѓу жртвите на овој морничав пад се нашол и бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса, која била другарка на Џиана.

Загинала и Кристина Мозер, кошаркарски тренер и асистен на Коби, како и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон, односно пилотот Ара Зобајан.

Сите се упатиле кон округот Оранж во академијата Мамба во местото Таузенд Оукс во близина на Лос Анџелес, на кошаркарски тренијнг на Алиса и и Џиана.

Семејството Алобели родовно патувало со Брајант на натпревари и тренинзи.

„ Тоа е нешто што Џон рутински го правеше, летапе со Коби и нивните ќерки на натпревари“, додал Рон.

Алиса не била само соиграч на Џиана, туку и нејзината другарка и двете ги тренирал Коби. Кошаркарот академијата ја основал во 2018 година, а нудела програми за деца, но и за возрасни и претставувала место кое нуди активности и едукација неопходни да го отклучите својот потенцијал.

Покрај Алиса, настрадале и Џон и Кери, чии деца Џеј Џеј и ќерката Алексис не се огласувале после трагедијата.

Porodica Altobeli na okupu - Keri i Džon sa svoje troje dece

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега