Со години ја барала сестрата, а потоа еден пакет и ја променил судбината (ВИДЕО)

Хилари Харис која како бебе била посвоена, седум години трагала по биолошките родители.

Таа пред да се оажи барала низ документите за посвојување и дознала дека биолошките родители и се викаат Бони и Вејн, а во документите имало приложено документ дека нејзиниот татко починал и дека има полу сестра.

Трагањето по биолошко семејство на фејсбук не довдело до резултати се до минатата година кога  во Винсконсон се доселил брачен пар.

Петгодишната ќерка на Хилари веднаш ги засакала новите соседи и често одела кај нив да си игра, иако Хилари не била воодушевена што нејзината ќерка поминува толку време со 50- годишната Дон.

Меѓутоа дознала дека Дон е од ист град како нејзината изгубена сестра. Таа на заеднички пакет  кој го подигнала видела дека тој се презива Дон Џонсон, па почувствувала пеперутки во стомакот и веднаш се јавила на сопугот.

„Се преизва Џексон, тоа мора да е она“ му рекла, но што ако не знае дека постојам. што ако е тајна?“ се запрашала.

На крајот и испратила порака на Дон. Сватиле дека се сестри по татко кој починал во 2010 година, а за Дон се грижел очув, но никогаш не и аднало на памет дека може да има уште деца.

Наредниот ден Дан дошла кај Хилари со букет цвеќе и фотографии од нивниот татко.

„Сигурна сум дека тоа е судбина. Бев многу тажна кога открив дека татко ми е починат, но кога ја сретнав Дон ги добив одгвотите на сите мои прашања.Ова е дел од сложувалката кој недостигаше, а се обидував да ја составам со години“ ерекла Хиарли.

„Многу сум среќна што имам прекасна соседка а таа ми е сестра. Имам и внука која доаѓа да си игра  и придонесува да бидам пресреќна и да се чувствувам млада“ рекла Дон.

Таа вели доколу нешто барате немојте никогаш да се откажувате.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега