Со инвестиција од 54 милиони денари од Министерството за спорт ќе започне целосна реконструкција и адаптација на спортската сала во рамки на комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Стартот на градежните работи е предвиден за денеска, по што ќе следуваат обраќања на министерот за спорт Борко Ристовски, ректорката на УКИМ проф. Биљана Ангелова, како и претседателката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Ангела Василевска.
Од Министерството за спорт посочуваат дека објектот, кој со години бил во лоша и руинирана состојба, по реконструкцијата повторно ќе биде ставен во функција за студентите – за одржување на наставата по физичко образование, како и за реализација на различни спортски активности.


