Со црвени рози и факели, Германија се простува од Ангела Меркел (ВИДЕО)

По 16 години како германска канцеларка, Ангела Меркел политички се пензионира.

До изборот на нејзиниот наследник (најверојатно следната недела) Меркел и понатаму е „техничка канцеларка“, но денеска Германија со воени почести се збогува со шефот на владата.

Вечерва во Берлин се одржа „Големата вечер“ (Großer Zapfenstreich), што е најголемата воена церемонија во Сојузна Република Германија - со факели, војници во свечени униформи, офицери и кореографија испланирани до последен детаљ.

„Големата вечер“ е посебна затоа што воениот оркестар на Бундесверот свири некои песни за време на таа церемонија, кои ги избираат оние луѓе од кои се збогува. Музичките желби на Ангела Меркел се познати веќе подолго време, а веќе извесно време предизвикуваат одредени реакции кај германските граѓани - главно одобрување и тивка насмевка. Зошто?

Покрај вселенската црковна песна „Те славиме, Боже, те славиме“ (Großer Gott, wir loben dich), канцеларката во заминување посакала да ја слушне песната на Хилдегард Кнеф „Нека ми паднат дождови од црвени рози“ (Für mich soll's rote Rosen regnen).

Веќе во првата строфа од таа песна се вели:

„На 16 години тивко реков, сакам, сакам се` или ништо.“

Навистина, Ангела Меркел постигна толку многу: 16 години таа беше најмоќната жена во Германија, првата жена што служеше како канцелар, жена која беше препознаена и почитувана низ целиот свет. А еве ги последните строфи од песната:

„Немам доволно, сепак сакам да победувам, сакам се или ништо.„

Ангела Меркел заминува во пензија на 67 години, но судејќи по тие стихови сигурно има некои нови желби и соништа кои сака да ги исполни.

 

02.12.2021 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега