Со часови патувале со деца и биле вратени назад - Белград бара одговор од Атина за туристите

Бројни реакции има на социјалните мрежи откако денеска туристи не можеа да влезат во Грција, и мораа да се вратат назад. 

Според пишувањата на српските туристи „заглавени“ на граница, има група од 40 лиѓе со деца кои чекаат и не знаат зошто не можат да заминат во Грција. 

„Што се однесува до мене, 1.600 километри, џабе. Збогум Грција засекогаш“, пиуваат граѓани на БиХ кои се вратени од граница. 

Туристите се револтирани затоа што не биле известени, а досега нема ниту извинување. 

„И ние сме разочарани, но и бесни. Не поради сезоната, туку поради начинот на кој Грците ова го направија, лош и нефер. Не најдоа за потребно да не известат за промените на одлуката, туку дозволија луѓето да патуваат со часови, и да бидат вратени од граница“, гласи друга поплака. 

Србија побара официјален одговор од властите во Атина за проблемот со влез во Грција и чека одговор за ова прашање. 

Српските туристи не можат да влезат во Грција, а српската Амбасада побара објаснување за таа одлука, изјави министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ. 

„Дали таа одлука важи и за државјаните на Србија, бидејќи пред само два дена, министерот за надворешни работи на Грција му вети на Дачиќ дека границите ќе бидат отворени на 15 јуни“, кажа Љајиќ и додаде дека колони чекаа на влезот во Грција. 

Тој исто така изјави дека пред тоа, на 19 мај, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истото му го ветил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека сега Србија чека одговор и појаснување. 

„Што се случи, буквално за два дена, да се донесе една ваква одлука“, кажа Љајиќ. 

Од српската царинска управа велат дека патниците на граничниот премин Прешево, на границата со Северна Македонија, се враќаат во Србија и дека станува збор за индивидуални поаѓања, што не се организирани од туристичките агенции. 

Од Бугарија во Грција можат да влезат само државјани на ЕУ, а границата меѓу двете држави се отвори точно во 11 часот, соопшти денеска Бугарската гранична полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега