Со часови не можев да им докажам дека сум жена

 

Светски познатата натпреварувачка во дигање на тегови, Ана Турајева (42) вели дека долго ќе го памети летот од Санкт Петерсбург до родниот Краснодар бидејќи со часови не можела да го убеди аеродромското обезбедување дека е жена.
„На контролната точка не ме пуштија коментирајќи дека во мојот пасош пишува дека сум жена. Беше понижувачки, неколку пати ме прекорија пред сите останати патници. Ме испитуваа со часови. Ги интересираше мојот живот но и детали од мојот кревет“ – вели таа во изјава за медиумите.


По неколку часа убедување успеала да докаже дека е жена и ја пуштиле во авионот. Откако приказната се рашири во медиумите, локалната авикомпанија и се извини на Ана коментирајќи дека таквото однесување на персоналот било неприфатливо.
Но кој би можел да ги обвини. Гледајќи ги нејзините слики, навистина е тешко да се поверува дека станува збор за жена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2020 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега