Со бензин ја полиле и запалиле девојка која одела на судење- меѓу нив бил и силувачот

Група на мажи запалиле 23- годишна девојка која како жртва на силување одела на судење на северпот на Индија, а помеѓу убијците се наоѓал и силувачот.

Ова додатно предизвика бес на илјадници Индијци кои учествуваа во масовните протести после силување на 27- годишната ветеранка, а демонстрантите од судовите бараат да носатт побрзи и поефикасни одлуки како и за случаите за силување да одредуваат подтроги казни.

Жената која е нападната и запалена се наоѓа во критична состојба, велат докторите, а била на пат кон судско солскушување кога е полиена со бензин и запалена, соопштила полицијата.

Девојката претрпела изгореници на 90- проценти од телото, а сите пет лица кои ја нападнале се во приотвор.

Девојката во март годинава пријавила дека била силувана под закана со огнено оружје. Откако поминало извесно време во затворот, осомниченичениот е ослободен од притвор со кауција, соопштила полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега