Со автомобил удрил во жена: Штипјанка со тешки повреди пренесена во болница

Штипјанка со тешки повредени била пренесена во болнца во текот на вчерашниот ден, откако во неа удрил автомобил управувано од 55- годишниот З.Е.

„Вчера во 08.05 часот на пешачки премин на улица „Васил Главинов“ во Штип, патничко моторно возило „опел кадет’’, со штипски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(55) од Штип, удрило во пешакот Е.К.(43) од Штип“ соопштуваат од МВР.

Во незгодата, Е.К. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега