Со автомобил удрил двајца пешаци во Струмица и побегнал- две жени во болница

Вчера во 14.30 часот на крстосница од булевар „Маршал Тито’’ и улица „Ленинова’’ во Струмица, едно возило удрило во пешаците М.Б.(61) од Радовиш и В.А.(57) од Струмица, по што го напуштило местото.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила В.А., а со телесни повреди се здобила М.Б., по што биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега