Со автомобил излетале од патот и удриле во дрво- двајца битолчани повредени

 

Две лица биле повредени откако вчера со автомобил, возачот загубил контрола, излетал од патот и удрил во дрво.

Според пријавеното, во 15,02 часот било пријавено дека на патот с.Маково-с.Старавина пред крстосницата за с.Старавина, патничко моторно возило “застава 750“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.С.(78) од Битола, излетало од патот и удрило во дрво.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.С.(75) од Битола, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа