Со „ауди“ прегазил малолетник во Ченто

20-годишен скопјанец вчера со своето возило удрил во малолетник во Ченто.

-Вчера околу 14,25 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје патничко моторно возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.И.(20) од с.Сингелиќ, скопско удрило во малолетник-пешак од Скопје. По незгодата, пешакот бил пренесен во Здравствена установа „Систина“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.

 Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега