Со 64 гласови „за“, без против и воздржани донесен Законот за јазици

Со 64 гласа „за“, без против и воздржани Собранието го изгласа Законот за јазиците. Претседателот на Собранието, Талат Џафери законот го прогласи за донесен.

На денешната седница во Собранието не беа разгледани амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу говорницата на Џафери со цел да го спречат донесувањето на законот. 

 Претходно при обидот на Џафери да ја отвори точката, пратениците од опозицијата побараа процедурално, но тој ги игнорираше и продолжи со работа, по што неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и поранешниот лидер Никола Груевски излегоа на говорницата.

Груевски му истури вода на Џафери му ја извади картичката, по што тој беше принуден да даде пауза од 15 минути. 

 

 

 

14.03.2018 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа