Снимка од болница ги разбесни Американците- теливизијата се правдаше дека се работи за ненамерна грешка (ВИДЕО)

Една снимка која ја емитувала американската телевизија ЦБС предзвика вистинска бура од реакции во земјата, но и на социјалните мрежи.

Имено телевизијата во својата утринска пограма емитувала снимка и известувала за ситуацијата во Њујорк кој стана едно од најголемите жаришта на Ковид-19, а притоа снимката која била пуштена, била од болницата во Бергамо.

Многумина веднаш ја препознале, посебно поради тоа што овие снимки од италијанската болница со денови кружеа по светските медиуми.

ЦБС веднаш се извиниле и признале дека дошло од грешка за време на емитување на програмата.

И додека дел од јавноста смета дека навистина е во прешање ненамерна грешка, други сметаат дека ова било еден начин Американците додатно да се исолашат и да сфатат колку е сериозна ситуацијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега