Снимена средба на воени руски и американски авиони во близина на границата на Русија

Руски борбен авуон Су-27 пресретнаа американски стратешки бомбардери кои се приближиле на руската граница преку Балтичкото и Црното море.

Руското министерство за одбрана потврди дека во понеделникот двапати пресретнале американски бомбардери, не наведувајќи точен број на авионите кои учествувале во акцијата.

"Екипите на руски борбени авиони" Су-27 "ги пресретнаа американските стратешки бомбардери Б-52Х, кои се приближуваа кон руската државна граница од балтичките и црноморските правци", соопшти руската војска.

Сепак истакнаа дека американските авиони не ги преминале границите, ниту пак и прекршиле правилата за оддалеченост.

Руското министерство за одбрана објави видео од средбата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега