Снимател ТВ Сонце сведочеше за протестите за „Монструм“: Ме удри плоча бекатон, ме занесе и ме турна на улица

Судењето за немилите настани на протестите за случајот „Монструм” кои се одржаа на 26 февруари, предвидено е да продолжи на 19 април.

На денешното рочиште беше сослушан медиумски работник од ТВ Сонце, кој на денот на протестите се здобил со повреда на левата рака од камен (бекатон). Пред суд тој најави оштетно побарување и изјави дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите, иако посочи дека не знае од кого бил погоден.

– Стоев на средина на булеварот, позади полицијата. Кога беа насилните протести кон Бит Пазар, се движев паралелно со полицијата. Додека траеше конфронтацијата летаа тврди предмети. Кога дојдов до жардињерата за да можам да снимам, во тој момент ме удри плоча бекатон, ме занесе и ме турна на улица. Тука ја добив повредата – рече Стоилковиќ.

Исто така сведокот Блерим Ахмети, изјави дека не може да ги препознае обвинетите дека учествувале во протестите.

Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.

На претходните рочишта три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, односно едно лице со осум месеци казна затвор. На протестите на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега