Снежна покривка низ европските градови: Граѓаните уживаа во зимската идила пред да започне полициски час (ВИДЕО)

Додека многу европски градови ги проширија блокадите поради ширењето на коронавирусот, доаѓањето на снегот е добредојдено како одвлекување на вниманието и зимска бајка за жителите, особено за оние кои навистина не се навикнати на зимското време.

Вистинска зимска идила владее во Франција, каде метеоролозите предупредуваат на обилните снежни врнежи веќе неколку дена. Граѓаните ги користеа овие услови за бројни зимски активности, барем во периодот пред полицискиот час, кој стапува на сила од 6 до 6 часот наутро.

"Луѓето излегоа на улиците за да ги фотографираат овие сцени. Мислам дека тоа носи многу спокојство", изјави француската студентка Маргот Ланбин за Еуроњуз.

Сепак, Французите не ги забораваат своите заштитни маски дури и за време на прошетките низ снежните градски паркови.

Белгија исто така потона во зимската магија каде паднаа 10 сантиметри снег во главниот град Брисел.

Сепак, иако обилниот снег носи радост за некои, други се соочуваат со бројни предизвици. Рекордни врнежи од снег во Шпанија го запреа градскиот превоз во Мадрид. Во јужна Германија, зимските служби исто така работат напорно за расчистување на снегот.

Вопокраината Баварија, последните денови наврна и до 1,5 метар снег, кој продолжува да паѓа, особено на западот на Германија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа