Силно снежно невреме зафати голем дел од Турција, поради што наставата е целосно прекината во 14 провинции, соопштија локалните власти. Обилните врнежи од снег предизвикаа сериозни нарушувања во секојдневниот живот, блокирајќи локални патишта и отежнувајќи го сообраќајот.

Најкритична е состојбата во источната провинција Ван, каде снежната покривка на одредени места достигна и до 50 сантиметри. Поради неповолните временски услови и безбедносни причини, надлежните одлучија училиштата да останат затворени до 5 јануари 2026 година.

Снегот предизвика прекини во сообраќајот на повеќе локални и регионални патишта, а екипите за зимско одржување се постојано на терен. Властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да ги следат официјалните соопштенија, додека метеоролозите најавуваат дека нестабилното зимско време ќе продолжи и во наредните денови.

Exit mobile version