Познатиот метеопрогнозер Славчо Попоски со оптимистичка најава за претстојните новогодишни празници. Според неговите најнови анализи, токму на полноќ на 1 јануари 2026 година, целиот Балкан, а особено Македонија и Бугарија, ќе бидат покриени со значителна снежна покривка.

Попоски вели дека станува збор за вистинска „снежна идила“ која со нетрпение се очекува од граѓаните.

„Немам зборови за ова и сигурен сум во целост сите ова го чекаме и да се молиме на Бога да остане вака. Станува збор за новогодишната ноќ точно на полноќ 1 јануари 2026 година“, вели Попоски во својата прогноза.

Според најавите, ваквите временски услови ќе придонесат за преубава празнична атмосфера, исполнувајќи ги желбите на многумина за „бела“ Нова година.

Exit mobile version