Снег од рано наутро низ Македонија - на овие места „трупа" во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата има остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Крушево, Маврово, Струга и на планинските премини Ѓавато и Плетвар, а со послаб интензитет на планинските премини Стража, Пресека, во Дебар и Кичево.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега