Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, кој во моментов не се задржува на коловозот, информираат од АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 м. има на планинскиот премин Пресека.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Exit mobile version