Снег и понатаму вее во Македонија - забрана за товарни возила на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Стража, Маврово, во Кичево, Македонски Брод и Железнец.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и Дебар – Струга. Забрана за сообраќај на автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.    

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември 2018 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега