Снаата пријавила во полиција: Исчезна 56-годишна жена од Крива Паланка

Исчезната е 56-годишна жена, жител на селото Мождивњак, кривопаланечко. Случајот го пријавила во полиција  нејзината снаа во текот на вчерашниот ден, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

– Во Полициската станица вчера во 20:20 часот од општа надлежност, Крива Паланка, 52-годишната Л.М. од сели Мождивњак, Кривопаланечко, пријавила дека од семејната куќа се оддалечила нејзината золва Г.С., на возраст од 56 години, информира Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

Според досегашните сознанија на полицијата, лицето и претходно се оддалечувало и се враќало во домот. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега